24фудбал

„Не ми се веруваше, мислев дека се шегуваат со мене“ – Ливерпул го доби првото засилување во тинејџерот Ван ден Берг

Шампионот на Европа денеска го промовираше првото засилување за новата сезона, на Енфилд пристигнува 17 годишниот Сеп ван ден Берг од Цволе за 1,3 милиони фунти (1,5 милиони евра).

Англија

Ливерпул го договори првиот трансфер ова лето, не се работи за големо име туку за перспективен фудбалер. На Енфилд пристигнува 17 годишниот Сеп ван ден Берг за 1,3 милиони фунти (1,5 милиони евра).

„Црвените“ за потписот на талентираниот дефанзивец на Цволе победија неколку гиганти како Баерн Минхен, Ајакс и ПСВ.

„Немам зборови, ова е прекрасно. За мене Ливерпул е најголемиот клуб во светот и ова е остварување на сонот. Навистина сум возбуден“ – вели тинејџерот.

„Кога прв пат ми кажаа дека Ливерпул ме сака, не ми се веруваше, мислев дека се шегуваат. Потоа бев многу среќен но и исплашен бидејќи толку голем клуб пројави интерес за мене“.

Запрашан што може да очекуваат фановите на Ливерпул од него, Ван ден Берг вели: „Јас сум централен дефанзивец, знам да играм со топката, прилично сум брз и можам да трчам. Но доаѓам тука за да напреднам. Ова е најдоброто место за да забележам прогрес и се надевам дека ќе одиграм многу натпревари“.