24фудбал

„Газета дело Спорт“: Милан постигна договор со Реал Мадрид за Тео Ернандез

Кралевите за младиот бек пред две сезони платија 24 милиони евра за фудбалерот кој покажа дека има потенцијал во дресот на градскиот ривал Атлетико, меѓутоа за него нема место во плановите на Зидан за идната сезона.

Италија

Откако се избори за потписот на Круниќ, следното засилување за Милан се очекува да биде Тео Ернандез, левиот бек на Реал Мадрид кој играше во дресот на Реал Сосиедад на позајмица изминатата сезона.

Според пишувањата на „Газета Дело Спорт“, во денешното издание весникот открива дека Милан веќе постигнал договор со Кралевите околу висината на трансферот, нема да биде позајмица, туку трансфер вреден 20 милиони евра.

Во текот на вчерашниот ден пак, одредени медиуми во Италија пренесоа дека Ернандез на „Сан Сиро“ доаѓа на позајмица, а Росонерите ќе имаат можност и да го откупат неговиот договор, сепак, извесно е дека договорот не се однесува на позајмица на 21 годишниот фудбалер.

Весникот пак додава дека Ернандез ќе потпише четиригодишен договор со годишна плата од 1,8 милиони евра, а во тимот од Милано се приклучува на левата бековска позиција која засега е сочинета од Рикардо Родригез, Диего Лаксалт и Иван Стриниќ, очекувањата се еден од нив тројца да си замине од Милан ова лето.