24фудбал

Никој друг не би платил вакви суми, Јувентус и Рома ги изиграа правилата со трансферите на Спинацола и Пелегрини

Јувентус и Рома потврдија дека ги договориле трансферите на Леонардо Спинацола и Лука Пелегрини, двата клуба со оваа зделка ги изиграа правилата за да покажат голем ќар.

Италија

Медиумите од Италија со денови најавуваа дека Леонардо Спинацола и Лука Пелегрини ќе бидат разменети, а вечерва пристигна и официјална потврда.

Она што боде очи е сумата под која се реализираат трансферите и веројатно никој друг не би платил толку, без разлика што плаќањата ќе бидат извршени во три години.

Јувентус го продава Леонардо Спинацола на Рома за 29,5 милиони евра, додека пак Рома на Јувентус му го продава Лука Пелегрини за 22 милиони евра.

Ваквата зделка всушност е заобиколување на правилата и двата клуба ќе прикажат голем ќар. Во соопштението кое го испрати Јувентус се вели дека позитивниот ефект од продажбата на Леонардо Спинацола е 26,6 милиони евра.

Само за споредба, според специјализираниот портал Трансфермаркт, Леонардо Спинацола се проценува на околу 15 милиони евра, а Лука Пелегрини на само 5 милиони евра.

Јувентус и Рома не се идинствените кои на ваков начин ги „штелуваат“ бројките во своите биланси и извештаии, оваа практика клубовите од Италија ја користат со години, а неодамна слична зделка направија Барселона и Валенсија, кога си ги разменија голаманите Силесен и Нето.