24фудбал

Фудбалер на Борусија Дортмунд кој важеше за голем талент стави крај на кариерата на 21 година

Младиот играч на Борусија Дортмунд, Дарио Скудери реши да ја прекине фудбалската кариера иако само што наполни 21 година.

Германија

Тој важеше за голема фудбалска надеж, но пред три години беше жртва на една од најтешките повреди видени на фудбалските терени, а тоа е главната причина за неговата пензија.

Во 15. минута од мечот од Лигата на шампионите за младинци меѓу Борусија Дортмунд и Легија пред три години, Скудери доби страшна скршеница на неговата по која веднаш беше однесен во болница. Соиграчите беа во неверица, а многумина уште тогаш прогнозираа дека ова е крај на неговата кариера.

Професорот Михаел Штробел кој го оперираше фудбалерот, го опиша како најлошото нешто и тој изјави дека не верува дека играчот би можел да заигра фудбал во иднина.

„Тоа беше најлоша повреда која можете да ја замислите. Скоро се беше скршено, скинато, лигаменти, сите мускули и тетивата“, истакна Штробел.

По долг процес на опоравување, девет операции и речиси 700 дена надвор од теренот, Скудери минатата година повторно заигра фудбал но брзо сфати дека не може да продолжи да игра и одлучи да се прости од фудбалот.

Борусија Дортмунд му понуди работа во клубот и ќе остане во клубот. Тие му платиле трошоци за школување на училиште за спортски менаџмент.

„Одлуката не беше лесна. Мој сон беше да играм фудбал и давав се од себе за тоа да го остварам. Се борев, имав понуди да продолжам да играм, но... Борусија Дортмунд е мое семејство и се радувам што ќе работам нешто ново тука“, вели фудбалерот Скудери.