24фудбал

Л'Екип тврди: Гризман следната недела ќе биде презентиран како ново засилување на Барселона

Според пишувањата на францускиот весник сапуницата околу трансферот на Антоан Гризман во Барселона конечно ќе заврши.

Шпанија

Гризман долго време се поврзува со Барселона, но речиси и да нема ништо конкретно околу неговиот ангажман за каталонскиот гигант.

Сепак, „Л'Екип“ тврди дека со полна пареа се работи за реализација на трансферот и во текот на следната недела Гризман ќе биде презентиран како ново засилување на Барселона.

Откупната клаузила за Гризман од понеделникот падна од 200 милиони на 120 милиони евра и тоа е сумата која ќе ја плати Барселона за неговиот ангажман.

Слични информации има и „Мундо Депортиво“, тие се дури и поконкретни, пишуваат дека мапаѓачот ќе биде промовиран на 11. јули во четврток.