24фудбал

Меси вината за поразот ја бара во судиите: Ова е срање, ниту еднаш немаше ВАР, неверојатно!

Лео Меси тешко се помирува со поразот од Бразил во полуфиналето од Копа Америка, по мечот ги нападна судиите.

Јужна Америка

Помина уште еден голем турнир за Аргентина, Лео Меси се уште нема трофеј со репрезентацијата. Со оглед на возраста, до крајот на кариерата нема да има уште многу шанси да го направи тоа.

Аргентина одигра солиден меч, два пати ја погоди и конструкцијата од голот на Бразил, но на крајот домаќините се радуваа на победа, а Меси за поразот ги обвини судиите.

„Тие не беа подобри од нас. Првиот гол го дадоа рано, а вториот дојде по акција во која требаше ние да добиеме пенал врз Агуеро“, вели Меси.

„Судиите ни даваа картони за многу срања, но ниту еднаш не искористија ВАР технологија, тоа е неверојатно“.

„Се случуваше во текот на целиот натпревар. За секој контакт тие свиреа во полза на Бразил, ваквите срања не дефокусираа од натпреварот“.

„Нема оправдување за нашиот пораз, но ова треба да се прегледа, да се анализира и се надеваме дека КОНМЕБОЛ ќе направи нешто околу тоа“.

„Мислам дека одигравме одличен натпревар. Се залагавме и тие не беа подобри од нас“.