24фудбал

Меси проговори за својата иднина во репрезентацијата на Аргентина по новото разочарување

Лео Меси уште еднаш си заминува разочаран по едно големо натпреварување со аргентинската репрезентација, тој се уште нема трофеј со националниот тим.

Јужна Америка

За разлика од претходно кога знаеше да крене раце од репрезентацијата па подоцна да се врати, Меси овој пат вели дека ќе продолжи да игра за националниот тим.

„Доколку можам да помогнам, ќе продолжам да играм. Се чувствувам многу добро во оваа група“, изјави Меси по поразот од Барселона.

„Ова е добра, талентирана генерација која покажа дека го сака националниот тим“.

„Овие фудбалери имаат иднина и убава основа, треба само да им се даде време“.

Следната шанса да освои трофеј со Аргентина, Меси ќе ја има веќе идната година на Копа Америка која ќе се одржи во неговата земја и во Колумбија, а во 2022 е Светското првенство во Катар.


Прочитајте и:

Меси вината за поразот ја бара во судиите: Ова е срање, ниту еднаш немаше ВАР, неверојатно!