24фудбал

Перу приреди нова сензација, го победи Чиле со 3-0 и закажа финале со Бразил! (ВИДЕО)

Перу има Копа Америка од соништата, откако го елиминираше Уругвај, сега го „тресна“ и Чиле и тоа убедливо, по 44 години за прв пат ќе игра во финалето, противник им е Бразил.

Јужна Америка

Перу одигра речиси совршен натпревар, не само што победи убедливо туку имаше шанси тоа да го направи и со повеќе голови во мрежата на Чиле.

Резултатот беше отворен во 21. минута кога по асистенција од Кариљо, Флорес даде гол за водство на Перу од 1-0.

Во 38. минута голем кикс на голманот на Чиле кој го искористи Јотун за веќе сигурна предност од 2-0.

Конечните 3-0 беа поставени во судиското надополнување од натпреварот, а стрелец беше ѕвездата на Перу, Гереро.

Во финалето Перу ќе игра против домаќинот на турнирот Бразил кој претходно ја совлада Аргентина.