24фудбал

Се појави видео од средбата помеѓу Нејмар и Меси на стадионот Минеирао (ВИДЕО)

Камерите на Фудбалската федерација на Бразил ја уловија средбата помеѓу Нејмар и Лео Меси на стадионот Минеирао, двајцата играчи се прегрнаа и си кажаа по некој збор.

Јужна Америка

Каталонскиот весник Спорт синоќа објави дека инало средба помеѓу Нејмар и Меси по крајот на дуелот помеѓу Бразил и Аргентина во полуфиналето на Копа Америка.

Весникот пренесе дека Нејамр се синмал во соблекувалната на „гаучосите“ за да го теши својот поранешен соиграчи и двајцата фудбалери неколку минути разговарале на само.

Камерите на Фудбалската федерација на Бразил уловија средба помеѓу двете фудбалски ѕвезди, но таа беше во под трибинскиот простор на стадионот Минеирао и беше прилично кратка. Нејмар и Меси се прегрнаа а потоа фудбалерот на Барселона му кажа нешто на Аргентинецот.


Бразилецот имаше и средба со својот колега од ПСЖ, Паредес кој беше прилично погоден во елиминацијата и тешко се справуваше со поразот.