24фудбал

Бомба од Турција: Тие дојдоа по Елмас! (ФОТО)

Во Турција известуваат дека нашиот репрезентативец и член на Фенербахче е близу до трансфер во Шпанија, претставници на тамошен прволигаш се веќе во Истанбул на преговарачка маса со колегите од спротивниот табор.

Македонија

Според информациите кои ги објави „ТРТ Спорт“, се вели дека претставници на шпанскиот прволигаш Атлетико  Мадрид веќе се во Истанбул за да го финализираат трансферот на нашиот 19 годишен репрезентативец и член на Фенербахче, Елиф Елмас.

Тие дојдоа по Елиф Елмас“ пишува во својот наслов „ТРТ Спорт“, додавајќи дека Македонецот е близу до трансфер во Атлетико Мадрид, потенцирајќи дека претставници на шпанскиот тим се во Истанбул на маса со претставници од Фенербахче.


„Јорганџиите“ се споменуваа како едни од главните кандидати за потписот на нашиот млад фудбалер, а извесно е дека тимот од шпанската престолнина ќе издејствува најдобро во однос на конкуренцијата.

Македонецот често беше поврзуван со повеќе европски гиганти кои испраќаа скаути на натпреварите на турскиот клуб за да ги следат неговите настапи, по што добиваше одлични оценки.

Атлетико Мадрид не е ништо ново во однос на големите шпекулации за иднината на Елмас, се споменуваа и други, меѓу кои и Наполи и Интер, а одредени медиуми во Италија пред извесен период објавија дека Елмас добил совети од нашиот капитен Горан Пандев својата кариера да ја продолжи во Интер, токму Нероаѕурите по тие вести се наведуваа дека се во пол позиција за неговиот потпис, меѓутоа од Турција сега пристигнуваат нови информации.