24фудбал

Невообичаено за Абрамович: Со Лампард преговорите течеле поинаку од претходните

Ламард има долг период одличен однос со првиот човек на Челси, а на Островот пишуваат дека добил посебни гаранции во однос на неговата прва сезона на клупата на таа екипа, „Индепендент“ ја пренесува главната причина за позитивниот одговор на Лампард во преговорите.

Англија

Челси без Еден Азар, ќе биде тоа доста комплицирана ситуација за Премиерлигашот од Лондон кој наредната сезона без Белгиецот ќе се обиде да парира на своите конкуренти за повисоко место во најсилниот англиски фудбалски шампионат.

По заминувањето на Маурицио Сари во Јувентус, „жешкото столче“ во Челси го презеде легендата на тој клуб, Френк Лампард, медиумите на Островот токму во него го видоа наследникот на Италијанецот, а тоа се оствари.

„Индепендент“ пишува за тоа како Лампард прифатил да седне на клупата на Челси, имаше доста успешен ангажман на кормилото на Дерби, клуб кој дури и почна преговори со него за нов договор, меѓутоа враќањето на „Стемфорд Бриџ“ беше еден голем предизвик за поранешниот репрезентативец на Англија, кој не можеше да одбие такво нешто.

Кога Роман Абрамович разговара со потенцијалните тренери, дискусијата обично се работи за целите на клубот, како и засилувањата кои ќе бидат земени во предвид, меѓутоа тоа не беше и случајот со Лампард, првиот Англичанец во руската ера на клубот, меѓутоа и круцијален момент, првиот поранешен фудбалер на Челси на клупата на таа екипа во руската ера“ пишува „Индепендент“ кој притоа додаде и за главната причина како Лампард дал потврден одговор во преговорите.

Абрамович наводно не ставил акцент на главните цели на клубот во однос на трофеите, бидејќи клубот не може да донесе засилувања во својот состав поради суспензијата за трансфери, меѓутоа, се вели дека газдата на Премиерлигашот му дал гаранции на Лампард дека ќе му даде максимална поддршка во неговата прва сезона, нема да биде „суден“ на било која основа по резултатите, ако се земе во предвид дека очекувањата се дека сезонава за Челси секако ќе биде комплицирана со оглед на околностите.