24фудбал

Првиот човек на Атлетико се закани: Ако Гризман се договорил со Барселона во март ќе има последици

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо се закани дека Гризман ќе има последици ако се договорил со Барселона уште во март.

Шпанија

Фудбалер не смее да преговата со друг клуб додека е под договор, освен ако тој не му истекува за помалку од шест месеци.

Гризман не смеел да преговара со Барселона без знаење на Атлетико Мадрид пред почетокот на преодниот рок. Се шпекулира дека Гризман одамна веќе се има договорено со Барселона која треба да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра, па Серезо беше запрашан од новинарите за тоа.

„Доколку се договорил со Барселона уште во март, ќе има последици, не знам ништо, не знам дали ќе оди во Барселона“, вели Серезо.

„Вистината е дека не јас не знам, но ако вие велите така, и тој навистина потпишал уште во март, ќе има последици. Не знам дали ќе оди во Барселона или не. Ќе видиме“.

Беше запрашан и дали мисли дека Жоао Феликс навистина вреди 127,2 милиони евра колку што плати Атлетико Мадрид.

„Сите се засилуваат со тој што сакаат да го донесат и ќе видиме дали вреди, јас мислам дека вреди, дека е добро засилување, одличен фудбалер кој го посакуваа многу тимови, а следната сезона ќе ја почне како играч на Атлетико Мадрид“.