24фудбал

Рајола ја кажа вистината за Погба

Агентот на Пол Погба, Мино Рајола кој најдобро ги знае желбите на фудбалерот потврди дека тој сака да си замине од Манчестер јунајтед.

Англија

Веќе нема дилеми, Пол Погба сака ова лето да го напушти Манчестер јунајтед, тоа го потврди Мино Рајола.

Фановите на Манчестер јунајтед се надеваа дека заминувањето на Жозе Мурињо ќе значи останување на Погба, но проблемот не бил Португалецот. Французинот сака нов клуб.

„Сите знаат дека Пол сака да си оди. Ние сме во процес за тоа. Сите знаат кои се чувствата на Погба. Сите знаат во клубот, од тренерот до сопственикот, сите ја знаат неговата желба“, вели Рајола.

Се шпекулира дека Погба сака да биде продаден пред тимот да отиде на подготовки во Австралија, но тоа е во недела.

„Не можам да ви кажам ништо. Живеам ден за ден“, изјави Рајола.

Кандидати за неговиот потпис се Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ. 

Сумата која ја бара Манчестер јунајтед е 150 милиони евра.