24фудбал

Аргентина го освои третото место на Копа Америка, Меси доби црвен картон (ВИДЕО)

Аргентина со 2-1 го победи Чиле во малото финале на Копа Америка и го освои третото место на континенталниот турнир.

Јужна Америка

Селекторот на Аргентина конечно реши да стартува со Дибала како еден од офанзивната линија и многу брзо вроди со плод.

Аргентина поведе уште во 12. минута Меси асистираше до Агуеро кој постигна гол за водство од 1-0.

Десет минути подоцна веќе беше 2-0, овој пат Дибала даде гол и покажа дека местото му е во стартниот тим на Аргентина.

Во 37. минута се случи инцидент, по еден дуел Медел се изнервира и влезе во физички дуел со Меси, судијата и на двајцата им покажа црвени картони иако се чинеше дека Аргентинецот престрого беше исклучен.

По десетина минути игра во вториот дел беше досуден пенал за Чиле кој беше потврден и од ВАР, сигурен реализатор беше Видал кој намали на 2-1.

До крајот Чиле се обидуваше да изедначи, но Аргентина можеше и да дојде до поубедлива победа.

На крајот Аргентина заслужено се радува на бронзата од Копа Америка.