24фудбал

По 12 години Бразил го освои трофејот од Копа Америка! (ВИДЕО)

Бразил е шампион на Јужна Америка откако во финалето беше подобар од Перу со 3-1, овој пат ВАР работеше, но не промени ништо.

Јужна Америка

Бразил успеа да ја освои Копа Америка, Бразилците го искористија својот терен и дојдоа до континенталната круна.

Денеска во финалето беа подобри од Перу кој беше најпријатното изненадување на турнирот, но не можеше да дојде и до тронот.

Натпреварот беше отворен уште во 15. минута кога по центаршут на Габриел Жесус, Евертон постигна гол за водство на Бразил од 1-0.

На пет минути до крајот на првото полувеме пенал за Перу, Тиаго Силва играше со рака судијата покажа на белата точка. За разлика од мечот против Аргентина, овој пат имаше ВАР, но одлуката остана иста. Гереро беше прецизен од белата точка за израмнување на 1-1.

Радоста на Перу не траеше долго, само неколку минути подоцна Габриел Жесус дава гол и го враќа водството на Бразил од 2-1. Со тој резултат се замина на одморот.

Во вториот дел Перу тргна кон ново изедначување, а од 70. минута имаше и предност од фудбалер повеќе откако Габриел Жесус заработи втор жолт картон.

Притисокот на Перу се зголеми, но без ефект. Во 90. минута беше досуден пенал за Бразил кој го реализираше Ришарлисон за конечни 3-1.

Бразил сосема заслужено се радува на големиот трофеј од Копа Америка.