24фудбал

По случувањата на Копа Америка, Аргентина повелекува сензационален потег, ќе игра Лига на нации во Европа?!

Аргентинците очигледно тешко ги поднесуваат случувањата на Копа Америка, последните информации велат дека „гаучосите“ на маса имаат понуда да станат дел од Лига на нации која ја организира УЕФА и сериозно се размислува за прифаќање на овој предлог.

Јужна Америка

Тоа што ВАР не беше употребен во полуфиналето против Бразил и контроверзниот црвен картон кој го доби Лео Меси во натпреварот за бронза на Копа Америка, може да ја натера Фудбалската федерација на Аргентина да повлече сензационален потег.

Како што пренесува Фокс Спорт, „гаучосите“ на маса имаат предлог да бидат дел од Лига на нации, новото натпреварување кое го организира УЕФА.

Во март следната година започнуваат квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка, а следното лето има нова Копа Америка, Аргентина ќе биде домаќин заедно со Колумбија. Па во случај на нова фрикција со КОНМЕБОЛ, постои можност „гаучосите“ да заигра на „стариот континент“.

А тоа лесно може да се случи бидејќи на Лео Меси му се заканува сериозна казна по коменарите кои ги даде и обвинувањата за корупција. Најдобриот фудбалер во светот може да добие суспензија и до две години и да не игра во квалификациите ниту на следното издание на Копа Америка.