24фудбал

Пред да се пресели во Манчестер јунајтед, Санчез дал зелено светло за ново договор со Арсенал?!

Чилеанецот во еден исклучително краток период целосно ја променил својата одлука, и тоа во моментите кога течеле финалните административни процедури околу неговиот договор со Арсенал, клуб од каде си замина на шест месеци пред истекот на договорот.

Англија

Во интервју за специјализираниот фудбалски портал „Гол“, Дик Лев, човекот што посредуваше за трансферите на Арсенал, откри една досега непозната информација околу Алексис Санчез, пред тој да се пресели во Манчестер јунајтед.

Чилеанецот ги договорил условите во новиот договор со Арсенал, а за тоа им дал и потврда на неговите претставници кои биле директно вклучени во преговорите со тимот од Лондон, меѓутоа во последен момент тој се предомислил.

Иднината на Санчез Арсенал во голема мера беше неизвесна во неговите финални 18 месеци договор со клубот, Топчиите правеа максимални напори да ја задржат првата ѕвезда во тимот, меѓутоа на крајот не успеаа, па во јануари минатата година се пресели во Манчестер јунајтед, а во истиот договор беше вклучен и трансферот на Хенрих Михтарјан кој се пресели во обратен правец.

Ние имавме договор, тоа се случи во декември, разговаравме со неговиот агент Фернандо Феличевич, разговаравме долг период, меѓутоа во декември постигнавме договор и си подадовме рака“ вели Лев.

Фудбалерот даде согласност на новиот договор преку телефонски повик од канцеларијата на Фернандо, тој и јас си подадовме рака и разговаравме за тоа колку беа комплицирани преговорите кои веќе ги завршивме“ додаде тој.

Тимот задолжен за преговори го зема договорот и го испрати до адвокатите кои ги претставуваа интересите на Санчез, во тој период, додека документите беа потврдувани, тој целосно го промени своето мислење, а причините останаа непознати, не знаеме кој го контактираше фудбалерот во тој краток временски период, или зошто ја промени одлуката, но, постоеше потврда за тој договор“ заврши Лев.

Подолг период на Островот шпекулираат дека Санчез со својата неделна плата од 500,000 фунти е голем „товар“ на финансиски план во тимот од „Олд Трафорд“ кој очајно сака да се ослободи од него, со оглед на фактот што не покажа речиси ништо во периодот минат во редовите на Премиерлигашот, а сигурно дека во Арсенал не жалат воопшто за таа зделка вредна 34 милиони фунти.