24фудбал

Наполи влегува во финалната фаза од преговорите за Хамес Родригез

Последниот збор го има Реал Мадрид, кој дефинитивно има поинаков став во преговорите со Наполи кој е сериозен во намерата да го добие потписот на Колумбиецот кој извесно е дека нема ништо против да игра под кормилото на Анчелоти.

Шпанија

Спортскиот директор на Наполи, Кристиано Џинтоли е во Мадрид за да ги финализира преговорите со Реал Мадрид за ангажман на Хамес Родригез.

Реал Мадрид наводно бара 42 милиони евра за Колумбиецот, меѓутоа, од друга страна пак, Наполи е подготвен да го земе 27 годишниот фудбалер на позајмица, со опција и да го откупи неговиот важечки договор подоцна.

Хамес е фудбалер кого јас многу добро го познавам, носи многу квалитет во тимот, сепак, тој во моментов не е фудбалер на Наполи“ рече шефот на стручниот штаб на италијанскиот вицепрвак, Карло Анчелоти.

Известувањата од одредени медиуми велат дека официјални информации околу преговорите за трансферот на Колумбиецот се очекува да се објават токму денеска, Хамес во моментов е на одмор, во исчекување на конечната одлука во преговорите помеѓу Наполи и Реал Мадрид, како и Жорге Мендеш.