24фудбал

Селтик сигурен во Сараево, на повидок дуел на Шкендија со шкотскиот тим во следното коло

Селтик со 3-1 победи на гостувањето кај Сараево и треба да се случи чудо за да не се сретне со Шкендија во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Шкендија со 1-0 победи во Естонија против Номе Каљу и се очекува во Скопје без проблеми да го завери пласманот во следното коло.

А таму веројатно ќе игра со Селтик кој денеска со 3-1 победи на гостувањето кај Сараево.

Сараево каде капитен е Крсте Велкоски поведе со гол на Мирко Оремус во 29. минута, но потоа следуваа три гола на Селтик. Вомстон израмни на 1-1, Едуард даде гол за пресврт, а конечните 3-1 ги постави Синклер пред крајот на мечот.