24фудбал

Идеалниот тим на Копа Америка (ФОТО)

Во најдобриот состав на овогодинешната Копа Америка немаше место за првата ѕвезда на Гаучосите кој немаше некое посебно издание на тоа натпреварување, а воедно имаше и контроверзни коментари кон официјалните лица.

Јужна Америка

Бразил по цели 12 години го подигна трофејот од Копа Америка, а тоа Кариоките го сторија пред своја публика, во полуфиналето го елиминираа својот голем ривал Аргентина, селекција која има само еден фудбалер во идеалниот состав на тоа натпреварување.

Веќе е познат најдобриот тим од ова натпреварување годинава, во истиот доминира Бразил кој има дури пет свои фудбалери, што воопшто не е изненадување, финалистот Перу има двајца свои членови, додека пак Колумбија, Чиле, Аргентина и  Уругвај по еден.

Во најдобриот тим се најдоа Евертон (Бразил), Гереро (Перу), Родригез (Колумбија), кои го сочинуваат триото во нападот, понатаму, Видал (Чиле), Паредес (Аргентина) и Артур (Бразил) го сочинуваат средниот ред, додека пак, во одбраната се најдоа Силва (Бразил), Хименез (Уругвај), Трауко (Перу) и Алвес (Бразил), на голот е Бекер (Бразил).

Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси не се најде во идеалниот состав на Копа Америка, имаше очајно издание на тоа натпреварување, а воедно фудбалерот на Барселона имаше и одредени контроверзни коментари кон официјалните лица во завршницата од турнирот, обвинувајќи за корупција.