24фудбал

Сите мислат тргнал накај Неапол, а Елмас од денеска е во Истанбул: Не знам ништо за трансферот! (ВИДЕО)

Дел од италијанските медиуми објавија дека Елиф Елмас денеска треба да ги помине медицинските прегледи во Наполи, но ништо од тоа, македонскиот фудбалер е во Истанбул да се приклучи на подготовките на Фенербахче.

Македонија

Синоќа речиси сите медиуми од Италија објавија дека Елмас наскоро ќе биде нов фудбалер на Наполи, можеби тоа ќе биде точно, но тој денеска пристигна во Истанбул.

Елмас на аеродромот беше пречекан како вистинска ѕвезда, луѓе се сликаа со него, а тој даде и кратка изјава.

„Не знам ништо за трансферот. Тука сум да се приклучам на подготовките“, изјави Елмас запрашан за трансферот во Наполи.

Можеби се уште се финализира договорот, па тоа што беше најавено за денеска ќе се случи во наредните денови. Останува да видиме.