24фудбал

Реал Мадрид го презентираше Милитао: Ќе дадам се за овој дрес!

21-годишниот бразилски дефанзивец, Еден Милитао денеска беше презентиран како ново засилување на Реал Мадрид.

Шпанија

Реал Мадрид го купи Милитао од Порто за сума од околу 50 милиони евра. Тој стави потпис на договор со шпанскиот гигант до 30 јуни 2025 година.

„Среќни сме што можеме да му кажеме добредојде на еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот. Човекот кој штотуку ја освои Копа Америка со националниот тим“, вeли претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Милитао вели дека уште од дете посакувал да заигра за Реал Мадрид.

„Многу сум среќен што ќе играм во најголемиот клуб во светот. Од дете сакав да играм тука и сакам да се заблагодарам на претседателот и сите мадридисти за нивната верба, можете да бидете сигурно дека ќе дадам се за овој дрес“, вели Милитао.