24фудбал

Интер и Манчестер јунајтед во Англија водат преговори за Лукаку

Директорот на Интер, Пјеро Аусилио оваа вечер е во Англија каде што преговара со Манчестер јунајтед за напаѓачот Ромелу Лукаку.

Англија

Се очекуваше оваа недела да се случат преговори меѓу Интер и Манчестер јунајтед за Лукаку, а „Скај Спорт Италија“ објавува дека тие се случуваат оваа вечер.

Уште пред да го потпише договорот со Интер, Антонио Конте го информирал раководството дека го сака Лукаку во тимот.

Манчестер јунајтед сака 80 милиони евра, и веќе одбија понуди кои вклучуваат фудбалери, не ги сакаа ниту Икарди ниту Наинголан.

Исто така ја одбија опцијата Лукаку да игра во Интер на една година или две како позајмен со обврска потоа да биде целосно откупен, што на некој начин значи купување на рати.

Аусилио се надева дека во директните преговори во Англија ќе најде некој компромис со Манчестер јунајтед и Лукаку наскоро ќе стане играч на Интер.

Интер не е единствениот заинтересиран за Лукаку, се шпекулира дека Јувентус и Наполи исто така го посакуваат белгискиот напаѓач.