24фудбал

Шкринијар: Време е да ги победиме Јуве

Со новиот тренер на клупата, Антонио Конте, Интер сигурно ќе има поголеми амбиции во новата сезона, од друга страна пак, Нероаѕурите ги очекува битка на два фронта, со оглед на фактот што ќе играат и во Лигата на шампионите.

Италија

Дефанзивецот на Интер, Милан Шкринијар говорејќи во интервју за „Кориере дело Спорт“ посочи кои се неговите амбиции за новата сезона, Словакот тврди дека е дојдено време Старата дама да биде симната од тронот во Италија.

Време дојде да победиме, кога играте во дресот на Нероаѕурите не можете да се задоволувате со второто место, сонувам да го подигнам трофејот во Лигата на шампионите со Интер“ рече Словакот во пресрет на настапите во елитното европско клупско натпреварување, а потоа издвои дека време е да го симнат Јувентус од врвот на Италија.

Јуве победува веќе цели 8 години, но, сега е дојдено вистинско време да се обидеме да стигнеме поблиску, па дури и да ги победиме, работиме напорно за да успееме во тие намери, ќе работиме уште понапорно, веќе имаме и нов тренер и едвај чекаме да почне новата сезона, но, сакаме да ја стартуваме истата на голем начин, мораме секогаш да го даваме максимумот“ издвои Шкринијар кој го коментираше и пристапот на Антонио Конте во овој краток период досега.

Тој има мисли на вистинско место, истото важи и за идеите, ние сме силен тим и мораме да работиме на најважната цел, да победуваме, тренерот ни го објаснува секој можен детал, ние веќе го променивме нашиот начин на работа со почит кон минатото“ заклучи дефанзивецот.