24фудбал

Манчестер јунајтед веќе подготви понуда за СМС, ќе попушти ли Лотито?

Премиерлигашот очајно посакува засилување во средниот ред, активно работи на трансфер пазарот и веќе покажа интерес за фудбалерот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш, Шон Лонгстаф од Њукасл, како и Марио Лемина од Саутемптон.

Англија

Манчестер јунајтед е подготвен да понуди 72 милиони фунти за услугите на фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува „Скај“ од Италија.

Претседателот на тимот од Рим, Клаудио Лотито е дециден во намерата да не го продава Србинот за сума под 90 милиони фунти, а во Италија пишуваат дека тој е категоричен во својата намера и нема да ја спушти цената за 24 годишниот фудбалер.

Се верува дека Милинковиќ-Савиќ, кој потпиша нов договор со Лацио минатиот октомври, нема ништо против трансфер и заминување од Рим, меѓутоа, Србинот нема да форсира трансфер и изразил подготвеност да остане во клубот уште една година.

Манчестер јунајтед долго пријавува интерес за услугите на Милинковиќ-Савиќ, а во октомври 2018. година екс тренерот на Премиерлигашот, Жозе Мурињо лично ја „скенираше“ неговата игра против Црна Гора во победата од 2-0 на Србија на домашен терен.

Од пристигнувањето од белгиски Гент во 2014. година, Србинот постигна 31 гол за Лацио во своите досегашни 138 настапи за италијанскиот клуб.