Категорија: Англија 11.07.2019 11:44
Манчестер јунајтед е подготвен да понуди 72 милиони фунти за услугите на фудбалерот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесува „Скај“ од Италија.
Претседателот на тимот од Рим, Клаудио Лотито е дециден во намерата да не го продава Србинот за сума под 90 милиони фунти, а во Италија пишуваат дека тој е категоричен во својата намера и нема да ја спушти цената за 24 годишниот фудбалер.
Се верува дека Милинковиќ-Савиќ, кој потпиша нов договор со Лацио минатиот октомври, нема ништо против трансфер и заминување од Рим, меѓутоа, Србинот нема да форсира трансфер и изразил подготвеност да остане во клубот уште една година.
Манчестер јунајтед долго пријавува интерес за услугите на Милинковиќ-Савиќ, а во октомври 2018. година екс тренерот на Премиерлигашот, Жозе Мурињо лично ја „скенираше“ неговата игра против Црна Гора во победата од 2-0 на Србија на домашен терен.
Од пристигнувањето од белгиски Гент во 2014. година, Србинот постигна 31 гол за Лацио во своите досегашни 138 настапи за италијанскиот клуб.