24фудбал

Тага во семејството на Наинголан: Време е за борба против овој „одвратен ѕвер“...

Раџа Наинголан со својата сопруга е во брак од 2011. година, имаат ќерка Ајша, а Клаудиа Лаи на социјалните мрежи упати емотивно писмо откривајќи една тажна информација за неа овој период.

Останато

Сопругата на Раџа Наинголан, фудбалерот на Интер, јавно објави дека се бори против ракот, велејќи дека дојдено е време за борба против овој одвратен ѕвер, во нејзината емотивна порака на социјалните мрежи.

Во нејзината емотивна порака на социјалните мрежи, Клаудиа Лаи Наинголан пренесе како живее во страв и кошмар, но, истовремено упати и поддршка до сите со таа болест, со совет до истите никогаш да не ја загубат својата насмевка.

Веќе еден месец се будам наутро, надевајќи се дека ова е само кошмар“ пишува таа.

Се будам наутро веќе цел месец со мислата дека живеам одвнатре во себе во кошмар, се надевав дека овој ден ќе дојде побрзо од што може, но, не дојде, од денеска јас почнувам нова фаза во мојот живот, хемотерапија, и кој би рекол некогаш Клаудиа, дека еден ден во нејзиниот живот, ќе има страв да почне нов ден, стравот е потценување“ додава таа.

Време е да одам и да се борам против овој одвратен ѕвер, би сакал да им се заблагодарам од срце на моето семејство и пријателите кои ми помогнаа изминатиов месец да го минам во релаксирачка атмосфера, и тоа на најдобар можен начин, ми дадовте сила и позитивна енергија, токму тоа ми беше потребно, би сакал да им посакам среќа на сите оние кои минуваат низ истиот кошмар, никогаш не ја губете насмевката“ стои во нејзината објава.