24фудбал

Шкупи беше на чекор до победа, прокоцка два гола предност во финишот против Пјуник

Шкупи можеше со победа да се врати во Скопје, имаше водство со 3-1 на гостувањето кај Пјуник но во последните минути Ерменците се изборија за реми.

Лига Европа

Шкупи беше на чекор до голем триумф во Ерменија иако и ремито е позитивен резултат за македонскиот претставник во квалификациите од Лига Европа.

Пјуник добро го отвори мечот со гол на Варданјан уште во четвртата минута од од натпреварот, голот беше постигнат од пенал.

Бајрами во 26. минута го изедначи резултатот на 1-1, а пред крајот на првото полувреме Илиески погоди за комплетен пресврт и водство на Шкупи од 2-1.

По 15 минути игра во второто полувреме Бајрами постигна нов гол за Шкупи за убава предност од 3-1, која не беше сочувана и до крајот.

Жестоков во 80. минута намали на 2-3, а Манучарјан на пет минути до крајот на натпреварот даде гол за конечни 3-3.

Како и да е, Шкупи има убав резултат за пласман во следното коло од квалификациите во Лига Европа.