24фудбал

Македонија ЃП со два гола негатива се враќа од гостувањето кај Алашкерт

Македонија Ѓорче Петров со пораз од 3-1 се враќа од гостувањето кај Алашкерт, во Скопје ќе брка два гола негатива.

Македонија

Македонија Ѓорче Петров со пораз од 3-1 се враќа од гостувањето кај Алашкерт во првото квалификациско коло од Лига Европа.

Домаќините брзо го отворија натпреварот, по само 16 минути игра Танков погоди за водство од 1-0.

По седум минути игра во вториот дел Македонија Ѓорче Петров го изедначи резултатот со гол на Јашаровски.

Но радоста на траеше долго, во 66. минута Секулиќ ја врати предноста на Алашкерт, а на десетина минути пред крајот Да Силва Нето си постигна автогол за конечни 3-1 за ерменскиот тим.

Ако нешто е позитивно од овој меч е дадениот гол на Ѓорче Петров па во реваншот и со победа од 2-0 би се пласирале во следното коло.

Реваншот меѓу Македонија ЃП и Алашкерт се игра за седум дена на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 16:30 часот.