24фудбал

Академија Пандев брзо ќе сака да го заборави дебито во Европа, убедлив пораз од Зрињски

Академија Пандев доживеа дебакл во првиот натпревар на меѓународна сцена, на Националната Арена „Тодор Проески“ загубија од Зрињски со убедливи 3-0.

Македонија

Академија Пандев има деби на евро сцената кое брзо ќе сака да го заборави, загуби од Зрињски со три гола разлика и речиси сигурно е дека ќе бидат елиминирани уште во првото коло во квалификациите од Лига Европа.

Пред речиси празните трибини на арената „Тодор Проески“ Академија Пандев покажа на кое ниво е македонскиот фудбал откако загуби од претставникот на Босна и Херцеговина со 3-0.

Натпреварот беше отворен уште во 12. минута Ирфан Хоџиќ постигна гол за 0-1, 16 минути подоцна Мандиќ зголеми на 0-2, а конечните 0-3 беа дело на Говедарица по десет минути игра во второто полувреме.

По овој лош резултат само чудо може да ја однесе екипата на Академија Пандев во следното квалификациско коло. Реваншот е за седум дена во Мостар од 19 часот.