24фудбал

Спортскиот директор на Интер со коментар по разговорот со Вудворд за трансфер на Лукаку

Аусилио воедно потврди дека Конте го посакува секој фудбалер со кој Нероаѕурите во моментов преговараат, ќе биде тешко во битката за потписот на Белгиецот кој има важечки договор со Манчестер јунајтед до 2022. година, дури и опција за дополнителни 12 месеци.

Италија

Ромелу Лукаку е голема желба на новиот тренер на Интер, Антонио Конте, впрочем, самиот белгиски напаѓач отворено посочи дека посакува да игра во Серија А, а за него прв избор е токму искусниот италијански фудбалски стратег.

Од поодамна Белгиецот е на мета на Интер, меѓутоа Нероаѕурите прават максимални напори да се договорат со Манчестер јунајтед, во еден период дури се споменуваше опција обете страни да направат трампа помеѓу Икарди и Лукаку, меѓутоа извесно е дека до тоа нема да дојде.

Официјалните преговори помеѓу обете страни се веќе започнати, а спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио потврди дека веќе имале разговор со извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд.

Имавме средба со Манчестер јунајтед за Лукаку, тоа беше официјална средба помеѓу двата клуба, ќе видиме што ќе се случи, Конте го посакува секој фудбалер за кого ние преговараме во моментов“ посочи Аусилио.

„Скај Спорт Италија“ извести дека планот на Интер е да го ангажира Лукаку на двегодишна позајмица со опција да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра, од друга страна пак Манчестер јунајтед сака целосно да ги покрие трошоците за трансферот на Белгиецот од Евертон во 2017. година, а истите изнесуваа 82 милиони евра.