24фудбал

Недвед на Рајола му ја соопштил конечната одлука на Јуве во трката за Погба

Се шпекулира дека во Јувентус веќе донеле конечна одлука по прашањето со Пол Погба, Французинот беше опција за италијанскиот првак, а во трката за неговиот потпис од поодамна е и Реал Мадрид.

Италија

Италијанскиот првак Јувентус заврши со интересот за ангажман на Пол Погба од Манчестер јунајтед, а со тоа го остави Реал Мадрид веројатно единствениот клуб кој се уште останува во трката за францускиот репрезентативец ова лето.

Се чини дека нема дилеми во тоа дека Погба сака да ги напушти редовите на Премиерлигашот, тој веќе четири години е дел од тимот на Манчестер јунајтед, а подготвен е за нов предизвик, меѓутоа, доколку го посакуваат неговиот потпис, Кралевите ќе треба да издвојат околу 150 милиони евра.

Иако Погба беше отворен за опцијата да се врати во Торино, неговиот агент Мино Рајола наводно веќе е информиран од потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед дека клубот повеќе нема интерес за ангажман на Погба, а своите активности во поглед на потенцијалните засилувања ќе ги насочи на други фудбалери.