24фудбал

Член на персоналот на Манчестер јунајтед се предозирал во Перт, веднаш пренесен во болница

Од Австралија пристигнува вест дека член на персоналот на Манчестер јунајтед итно бил пренесен во болница, се шпекулира дека лицето, маж на возраст од околу 50 години било предозирано.

Англија

„Ѓаволите“ во моментов се на турнеја во Австралија каде треба да одиграат неколку тест средби. Стартот на подготовките е нарушен од веста дека член на персоналот итно бил пренесен во болница.

Манчестер јунајтед не откри детали и само соопшти дека во хотелот каде што престојуваат, му се слошило на човекот. Според пишувањата на медиумтие се работи за маж на возраст од околу 50 години и првите сомнежи се дека тој се предозирал, но сега е во стабилна состојба.

Од болницата во која е примен членот на персоналот на Манчестер јунајтед се уште се немаат огласено, и во моментов не е јасно дали предозирањето настанало поради конзумирање на недозволени дроги, препишани лекови или поради некоја медицинска состојба.