24фудбал

Официјално: Барселона потпиша со Гризман и му стави откупна клаузула поголема и од онаа на Меси

Трансфер сагата на Антоан Гризман заврши, од денеска тој е фудбалер на Барселона која ја плати откупната клаузула и потпиша со францускиот фудбалер.

Шпанија

Барселона потврди дека го комплетира трансферот на Антоан Гризман кој стави потпис на петгодишен договор со Каталонците.

„Барселона ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра за Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Фудбалерот потпиша договор на пет години, со траење до 30 јуни 2024 година, со откупна клаузула од 800 милиони евра“, стои во соопштението на Барселона.

Тоа значи дека Гризман сега има поголема откупна клаузула и од Лео Меси чија изнеасува 700 милиони евра.