24фудбал

Официјално: Палермо е исфрлен од Серија Б

Палермо во следната сезона нема да игра во Серија Б, неговото место официјално го превзема Венеција.

Италија

Федералното собрание при Фудбалската федерација на Италија соопшти дека Венеција на местото од Палермо ќе игра во Серија Б.

Причината е неисполнување на административните обврски.

Палермо ќе игра во Серија Д, а тоа значи и сигурно заминување на македонските репрезентативци Несторовски и Трајковски, како и најголемиот дел од останатите играчи во тимот.