24фудбал

Од Холандија пристигнува вест дека конечно паднал договор помеѓу Ајакс и Јуве, Де Лихт во Торино за 70 милиони евра

Според пишувањата на „Де Телеграф“, Ајакс и Јувентус си подале рака за трансфер на Матајс де Лихт, дефанзивецот се сели во Торино за 70 милиони евра.

Италија

По долги преговори, Јувентус успеа да стигне до еден од најперспективните дефанзивци, 19 годишниот Матајс де Лихт.

Од Холандија пристигнува информација дека клубот од Амстердам и „старата дама“ си подале рака за фиксна сума од 70 милиони евра.

Па Матајс де Лихт нема да биде дел од тренинг кампот на Ајакс во Австрија и ќе отпатува за Торино на лекарсли прегледи и комплетирање на трансферот во Јувентус.