24фудбал

Михајловиќ со многу емоции: Имам леукемија, но ќе ја победам!

Синиша Михајловиќ излезе на прес конференција и соопшти дека има леукемија, но е уверен дека ќе извојувам победа во оваа голема битка вредна живот.

Италија

Утринава се појави информација дека Синиша Михајловиќ има сериозна болест и најверојатно ќе се повлече од тренерската позиција во Болоња.

Брзо потоа српската фудбалска легенда излезе на прес конференција за директно да ја соопшти неговата состојба.

Михајловиќ со многу емоции кажа дека е болен од Леукемија, но ќе се бори и ќе ја добие битката. Тој ќе остане тренер на Болоња, но периодично ќе биде отсутен кога ќе има третмани во болница.

„За жал, или за среќа, направив некои тестови кои покажаа аномалии кои ги немав пред четири месеци. Ќе објаснам точно бидејќи не сакам луѓето да шпекулираат, ќе ви ја кажам вистината и како стојат работите. Откако ќе го направам тоа, докторите ќе продолжат да ви даваат нови информации, со почит кон мојата приватност“, изјави Михајловиќ.

„Мислев дека имам настинка, но направив тестови и се покажа дека имам леукемија“.

„Кога ги дознав вестите бев навстина во шок. Плачев со денови, животот ви поминува низ вашите очи. Тoa не се солзи од страв. Ја почитувам болеста, ќе се соочам со неа, со градите напред, гледајќи ја во очи како што секогаш правам“.

„Не можам да дочекам да отидам во болница и да ја започнам битката. Агресивна е но може да се победи. Им објаснив на моите фудбалери исто, имавме состанок со нив како што е природно, имаше и некои солзи“.

„Како што им објаснив на нив, треба да нападнеме и да победиме. Доколку се повлечеме и се обидеме да се браниме, ќе бидеме елиминирани. Треба да ги искористам моите тактики во оваа битка и сигурен сум, без сомнение дека ќе ја победам. Ќе победам за мојата фамилија, за моите деца, за сите кои ме сакаат“.

„Добив 600-700 пораки во изминатите неколку денови, но се извинувам што не можев да одговорам, сакав мир периодот за да ги фрлам сите негативности и да можам да се вратам и да продолжам со борбата“.

Директорот на Болоња, Валтер Сабатини потврди дека Михајловиќ останува тренер на тимот, ништо нема да се промени.