24фудбал

Голема семејна трагедија за Зизу

Шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, како и неговиот син, веднаш ги напуштиле своите клупски обврски во текот на вчерашниот ден, а денеска пристигнаа тажни вести од неговото семејство.

Шпанија

Реал Мадрид потврди дека 54 годишниот Фарид Зидан, инаку брат на попознатиот Зинедин Зидан, утрово починал откако претходно му било дијагностициран рак, меѓутоа битката за него заврши за жал неуспешно.

Првиот тим на Кралевите со минута молк му оддаде почит на Фарид на утринскиот тренинг за време на претсезонските подготовки кои шпанскиот гигант ги обавува во Монтреал, Канада.

Зинедин Зидан во текот на вчерашниот ден бил известен дека состојбата на неговиот брат била критична, па така тој заедно со својот син Лука, кој е дел од второлигашот Расинг Сантандер, веднаш заминале да го видат Фарид.

Извори од Реал Мадрид за „АС“ велат дека Зидан ќе има онолку слободно време колку што му е потребно за да се врати подготвен на тренинг кампот во Монтреал, очекувањата се Французинот да се врати за помалку од една седмица.