24фудбал

Нејмар пред да се врати во Париз порача: Победата од 6-1 со Барса против ПСЖ ми е најомилен момент!

Нејмар испрати нова провокација до „светците“ и пред да се врати во Париз порача дека најомолен момент му е големиот кам-бек во Лигата на шампионите кој го приреди Барса кога го понижи ПСЖ и го совлада со 6-1.

Франција

Бразилецот веќе ги налути лидерите на ПСЖ откако не се појави на стартот од подготовките за новата сезона закажан на 8. јули. Тој треба утре да се врати во Париз откако ги одработи сите обврски повразани со неговиот институт и спонзорите.

Токму од еден таков настан тој испрати нова провокација до „светците“ и порача дека најомилен момент му е кам-бекот кој го приреди Барселона во Лигата на шампионите кога го понижи ПСЖ и го совлада со 6-1.

„Кога со Барселона го победивме ПСЖ... беше лудница во соблекувалната. Верувам дека чувството беше неверојатно за сите нас“ – вели Нејмар, кој на тој меч постигна два гола, еден од слободен удар во 88. минута и еден од пенал во 91. минута и ги врати „каталонците“ во живот.

„Ремонтадата против ПСЖ, она што го почувствував кога го постигнавме шестиот погодок... Никогаш не сум почувствувал нешто тавко. Тоа беше неверојатно“.