24фудбал

„Ќе си седам две години, ќе земам плата и нема да мрднам од тука“, Икарди му се закани на Интер

Мауро Икарди му се закани на Интер дека ќе остане во клубот и во наредните две сезони колку што му трае договорот.

Италија

Синоќа беше потврдено дека Икарди нема да патува со остатокот од тимот на Интер на подготвителната турнеја.

Клубот извести дека заедничка била одлуката тој да остане во тренинг центарот во Милано и индивидуално да работи, но се чини дека не било така.

„Ла Република“ тврди дека на Икарди не му се допаднало тоа што бил изоставен.

„Ќе останам тука и во следните две години, ќе зимам плата и не се мрдам“, изјавил Икарди.

Интер се надева дека ќе го продаде Икарди дел од парите ќе ги вложи за Лукаку, но засега работите не се одвиваат според планот.