24фудбал

Модриќ не му ја даде 10-ката па Азар се одлучил за необичен број на дресот во Реал Мадрид

Според пишувањата на Марка, Еден Азар одлучил кој број ќе го носи во Реал Мадрид, Белгиецот направил необичен избор и се решил за 23-ката.

Шпанија

Еден Азар беше промовиран во Реал Мадрид без број на дресот. Тој во најголемиот дел од кариерата ја носи 10-ката, но овој број на Бернабеу во моментов е резервиран за Лука Модриќ.

Белгиецот тогаш на пресот откри дека на шега го замолил Хрватот дали може да ја добие 10-ката, но како одговор добил категорично НЕ.

Втора опција беше бројот 7, но според Марка, Еден Азар направил необичен избор и се решил за 23-ката.

Весникот вели дека фудбалерот е голем фан на кошарката, поточно НБА, каде еден од најпрестижните дресови е оној со бројот 23. Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан се прослави со 23-ката на грбот во Чикаго Булс. Овој број го носи и Леброн Џејмс, веројатно најдобриот кошаркар на денешницата.