Категорија: Италија 14.07.2019 12:56
Мурињо е последниот кој со Интер го свои Скудетото. Тој беше и еден од кандидатите за нов тренер на нероазурите, но работата му беше дадена на Антонио Конте.
Ривалството меѓу Мурињо и Конте се разви кога едниот беше тренер на Манчестер јунајтед а другиот на Челси.
Мурињо со последната изјава му прави притисок на Конте, иако покрај толку силен Јувентус не е реално Интер да го освои Скудетото.
„Нероазурите треба да ја освојат Серија А оваа сезона. Сигурен сум дека ќе го направат тоа“, изјави Мурињо за „Газета дело спорт“.
Мурињо изјави и дека во моментов учи германски јазик бидејќи тој е единствениот кој му недостасува од големите лиги. Не ја отфрли можноста за преселба во Германија.
„Во моментов учам германски бидејќи тоа е единствениот јазик кој ми недостасува. Зборувам англиски, шпански, португалски, француски и италијански. А потоа се разбира, не исклучувам ништо, ниту Германија“.