24фудбал

Пресврт: Хамес останува во Шпанија, но не во Реал Мадрид

Иако неговиот трансфер во Наполи беше близу до реализација, за што извесен период известуваа повеќе медиуми, во Шпанија пристигнува нова, поинаква вест од претходните, на крајот Колумбиецот би можел да остане во Примера.

Шпанија

Хамес Родригез би можел да остане во Шпанија, но, не во Реал Мадрид, тоа е повеќе од сигурно, а „Марка“ известува дека 27 годишниот Колумбиец може да го облече дресот на градскиот ривал на Кралевите, Атлетико Мадрид.

Весникот тврди дека „Јорганџиите“ се мошне близу за да го реализираат овој трансфер, а на нивна страна е наводно желбата на Колумбиецот кој наводно посакува да живее во шпанската престолнина.

Подолг период се најавуваше негов трансфер во Наполи, меѓутоа според пишувањата на „Марка“ самиот тој својот интерес го префрлил кон Атлетико Мадрид, а наводно притиска работата брзо да се заврши.

Хамес изминатите две сезони ги мина на позајмица во Баерн Минхен, германскиот првак не сакаше да ја искористи опцијата да го откупи неговиот договор по што тој се врати во Реал Мадрид, но, таму не е во плановите на старо-новиот тренер Зинедин Зидан.