24фудбал

Барса ќе има за што да жали: „Новиот Меси“ импресионира во Реал Мадрид

Младиот фудбалер стана вистинска сензација во својата земја, на претсезонските подготовки на Реал Мадрид во Монтреал има дури 15 јапонски новинари, четири повеќе во однос на оние од Шпанија.

Шпанија

Новото засилување за Реал Мадрид, младиот Такефуса Кубо би можел многу побрзо да забележи настап за првиот состав на Кралевите, отколку што се очекуваше претходно, „АС“ пишува дека Јапонецот веќе импресионирал во шпанскиот гигант.

Од извори од соблекувалната на Реал Мадрид, младиот Јапонец е на вистинското место, неговиот прогрес ќе биде следен под будно око“ пишува „АС“, наведувајќи дека Кубо веќе го импресионирал, а воедно и изненадил стручниот штаб на Реал Мадрид, наведувајќи на насловната дека тој е најголемата грешка на Барса низ годините.

Како за потсетување, Јапонецот на свои 10 години стана дел од „Ла Масиа“, во популарната школа на Барселона, но поради него Каталонците добија забрана за трансфери поради тоа што ФИФА утврди дека се прекршени правилата за ангажман на малолетни фудбалери од странство, па така Кубо беше приморан да се врати во својата родна земја.

Откако наполни 18 години, Барселона повторно тргна по него, меѓутоа тој на крајот се одлучи за Реал Мадрид, многумина за оваа ситуација коментираат дека е најголемата грешка на Каталонците, кои сигурно ќе има за што да жалат, со оглед на тоа што се работи за еден од најперспективните фудбалери во светот.