24фудбал

„Дебелкото“ ги трие рацете, „Кориере Дело Спорт“ објави колку Рајола ќе заработи за Де Лихт

Во Италија тврдат дека Де Лихт ќе го комплетира својот трансфер во Јувентус во текот на утрешниот ден, „Газета дело Спорт“ пренесе дека Холанѓанецот би можел да слета во Торино вечерва, или утре наутро пред самите медицински прегледи.

Италија

Како што и се очекува, контроверзниот фудбалски агент Мино Рајола ќе заработи голема сума за зделката која ја направи околу трансферот на Матијс Де Лихт од Ајакс во Јувентус ова лето.

Се шпекулира дека Ајакс и Јувентус веќе си подале рака за трансферот на 19 годишниот дефанзивец кој ќе изнесува 70 милиони евра, меѓутоа, Старата дама ќе треба да му исплати и одредена сума на Рајола.

Според информациите кои ги објави „Кориере Дело Спорт“, се вели дека италијанскиот агент ќе добие 10 милиони евра за таа зделка, а ова за него ќе биде уште еден од многуте богати трансфери кои ги реализираше под негова капа.