24фудбал

Мегваер веќе им ја соопштил одлуката за неговата иднина на Роџерс и соиграчите во Лестер

Англискиот репрезентативец конечно ова лето би можел да го облече дресот на „Црвените ѓаволи“, на Островот шпекулираат дека дефанзивецот притиска за трансфер на „Олд Трафорд“, а својата одлука веќе ја соопштил во клубот.

Англија

Еден од најдобрите дефанзивци во Премиерлигата, како и англиски репрезентативец, Хари Мегваер притиска за трансфер во Манчестер јунајтед, „Дејли Мејл“ пишува дека тој веќе го известил својот тренер Брендон Роџерс, како и соиграчите од Лестер дека сака да си замине од тој клуб.

26 годишниот фудбалер ги известил во Лестер за неговите намери во текот на претсезонските подготовки кои Премиерлигашот ги обавува на тренинг кампот во Франција, надевајќи се дека конечно Лестер и Манчестер јунајтед ќе се договорат за неговиот трансфер.

Пред неполна година, Мегваер беше на чекор до преселба во Манчестер јунајтед, меѓутоа на крајот остана во поранешниот првак на Премиерлигата и покрај големиот интерес од Жозе Мурињо.

Сумата која „Дејли Мејл“ ја наведува за потенцијалниот трансфер на Мегваер во Манчестер јунајтед изнесува околу 75 милиони фунти, а за неговите услуги интерес има и од англискиот првак Манчестер Сити, меѓутоа извесно е дека „Црвените ѓаволи“ се неговиот прв избор.