24фудбал

Реал нема да може да ја повтори тактиката од трансферите на Модриќ и Бејл, Јунајтед постави краен рок за Погба

„Ѓаволите“ му поставиле ултиматум на Реал и намерата на клубот од Мадрид да го ангажира Пол Погба, лидерите на Манчестер јунајтед ќе ги одбијат сите понуди кои ќе пристигнат по 8. август.

Англија

Мино Рајола неодамна соопшти дека Пол Погба сака да замине од Олд Трафорд и ова го знаат сите во клубот. Реал Мадрид и Јувентус се посочуваа како можни дестинации, но се шпекулира дека „старата дама“ се откажала од трката.

И покрај тоа што нема да имаат конкуренција, пред „кралевите“ е тешка задача бидејќи Манчестер јунајтед постави висока цена, најпрво беше 170 милиони а потоа 200 милиони евра (околу 150 милиони односно 180 милиони фунти).

„Ѓаволите“ сега поставуваат нов ултиматум. Според пишувањата на Мирор, лидерите на Манчестер јунајтед ќе ги одбијат сите понуди кои ќе пристигнат по 8. август.

Трансфер периодот во Премиерлигата завршува токму на овој датум, па Оле Гунар Солскјер нема да може да донесе соодветна замена доколку Пол Погба биде продаден подоцна.

Ова значи дека Реал Мадрид нема да може да ја примени тактиката од трансферите на Лука Модриќ и Герет Бејл, кога цело лето вршеше притисок за на крајот да ги добие играчите. Хрватот пристигна на Бернабеу на 27. август 2012 а  Велшанецот во последниот ден од преодниот рок односно 31. август 2013 година.