24фудбал

Османи: Со сериозен пристап да го завериме пласманот во следната рунда

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи не остава ништо на случајот, сака неговите играчите утре да влезат со максимален фокус на мечот против Номе Каљу во квалификациското коло од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Шкендија со победа од 1-0 се врати од првиот меч во Естонија, македонскиот шампион е голем фаворит за пласман во следната рунда.

„По првиот натпревар ги анализиравме грешките кои ги направивме во Талин, и утре очекуваме да одиграме подобар натпревар и да се квалификуваме во следната рунда“, вели тренерот Ќатип Османи.

„Имаме позитивен резултат кој не носи блиску до пласман во следната рунда, но во натпреварот мора да влеземе сериозно. Иако имаме предност од 1-0, во фудбалот се случуваат изненадувања, мора да влеземе максимално мотивирани за да победиме. Што се однесува до формацијата 99,9 проценти ќе биде истата со која стартувавме во Талин“.

„Се надеваме дека навивачите ќе дојдат во голем број и ќе ни дадат поддршка. „Балистите“ секогаш биле нашиот 12. играч“.

Натпреварот меѓу Шкендија и Номе Каљу се игра утре (вторник) на арената „Тодор Проески“ Во Скопје со почеток од 17 часот.