24фудбал

Агентот на Кутињо откри дали Бразилецот би можел во некој од ривалите на Ливерпул

Подолг период Бразилецот се поврзува со враќање во Премиерлигата, но, не во Ливерпул, туку во Манчестер јунајтед, иако низ одредени медиуми излезе информација дека тој би можел да се врати на „Енфилд“ на двегодишна позајмица.

Англија

Агентот на Филипе Кутињо, во интервју за „Толк Спорт“ тврди дека е речиси невозможно Бразилецот да се приклучи на екипа од Премиерлигата, а истата да не е Ливерпул.

Киа Јорабчијан вели дека 27 годишниот фудбалер ужива голем афинитет помеѓу Редсите и ќе биде навистина тешко да би се приклучил на некој негов ривал од Премиерлигата, потенцирајќи дека не знае за гласините кои Бразилецот го поврзуваат со враќање во Ливерпул.

Не знам ништо за тие шпекулации, Бартомеу е доста директен со мене, тој постојано укажува на тоа дека не сака фудбалерот да си замине и дека тој има иднина таму“ вели Јорабчијан за можноста Кутињо да се врати на „Енфилд“ како позајмен фудбалер на две години, опција што одредени медиуми ја пласираа во јавноста.

Тие направија максимални напори за да го ангажираат, Кутињо е најскапото засилување во историјата на Барселона, а зад неговото име има втор или трет најскап трансфер во светот“ додава тој.

Би било доста тешко Филипе да игра за некој ривал на Ливерпул, бидејќи тој има голем афинитет во клубот, неговиот период минат во тој клуб беше фантастичен, меѓутоа, како и сите останати големи фудбалери, во некоја гледна точка потребно е ново искуство на различен начин во кариерата, бидејќи кариерата е кратка“ заклучи агентот на Бразилецот.