24фудбал

Доколку Погба си замине, Манчестер јунајтед ќе притисне за Ериксен

Данецот е речиси перфектната алтернативна опција за Манчестер јунајтед доколку Погба си замине ова лето, пишува „Индипендент“, меѓутоа, тоа нема да биде лесна мисија за раководството на тимот од „Олд Трафорд“ ако се земе во предвид дека тимот на Солскјер нема да игра во Лигата на шампионите идната сезона.

Англија

Манчестер јунајтед ќе го реактивира интересот за ѕвездата на Тотнем, Кристијан Ериксен, во случај Пол Погба евентуално да си замине од „Олд Трафорд“ ова лето, пишува „Индипендент“.

Двајцата фудбалери се во една неизвесна ситуација, на Ериксен му преостанува само уште една година во својот договор со Тотнем, тимот од Лондон имаше неуспешни обиди да најде заеднички јазик со Данецот и обете страни да се договорат за продолжување на соработката.

Од друга страна пак, Погба има договор до 2021. година, а Французинот стави јасно дознаење дека сака да си замине, тоа што е интересно за обајцата е нивната преферирана опција, Реал Мадрид.

Освен Реал Мадрид, интерес за Погба има и од ПСЖ и Јувентус, се чини дека италијанскиот првак полека но сигурно се повлекува од таа трка, а Манчестер јунајтед веќе крои планови за тимот без францускиот репрезентативец.

Веќе извесен период Црвените ѓаволи притискаат за трансфер на капитенот на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандес, за кого нудат 50 милиони евра, токму нашиот Александар Трајковски од Палермо се споменува како наследник на Фернандес во тимот од Лисабон.

„Индипендент“ пишува дека Ериксен е речиси перфектната алтернативна опција која Манчестер јунајтед ја има во случај Погба да си замине, веројатно најголемиот проблем би претставувал фактот што тимот на Солскјер не избори место во Лигата на шампионите идната сезона, меѓутоа, доколку ситуацијата со Данецот во Тотнем остане статус-кво во однос на преговорите за нов договор пред крајот на преодниот рок, сагата околу неговата иднина ќе продолжи и понатаму.